Ливерпул уште многу долго ќе ги памети головите на Дивок Ориги против Барселона во полуфиналето, како и против Тотенхем во финалето од Лига шампиони пред две сезони, со кои тимот на Јирген Клоп стигна до шестата титула во Лигата на шампионите.
Сепак, историските погодоци веќе не му вредат на белгиецот, бидејќи целосно падна во втор план кај германскиот стратег, па си бара спас на кариерата. Ливерпул ќе ја искористи неговата желба да си замине со тоа што ќе го понуди Ориги на Шалке 04 во замена за младиот турски стопер Озан Кабак.



