ЛА Клиперс, заедно со Бруклин Нетс, е засега единствениот тим во НБА со стопроцентен учинок по првите два натпревари.
На отварањето на сезоната, Клиперс ги поразија градските ривали и актуелните шампиони, ЛА Лејкерс (109-116), а синоќа триумфираа над Денвер Нагетс со резултат од 108-121.
Претставниците на Лос Анџелес водеа во текот на речиси цел натпревар, а разликата во третата четвртина порасна и на +24.
Најефикасниот кошаркар на средбата беше Никола Јокиќ (Денвер), кој имаше дабл-дабл учинок составен од 24 поени, од 9 скокови и од 10 асистенции.
Веднаш после него, со по 23 поени, следуваа неговиот соиграч Џамал Мареј и противникот Пол Џорџ.



