Лидерот во АБА лигата Црвена Звезда, ќе го врати Дејан Радоњиќ на клупата, најавуваат повеќе српски медиуми. Најтрофејниот тренер во историјата на белградските ,,Црвено-бели” треба да го наследи Саша Обрадовиќ со кого уште официјално не е прекината соработката, но наскоро ќе се добие потврда.
Радоњиќ од 2013 до 2017 година ја предводеше Црвена Звезда до три титули во јадранскиот шампионат, како и три титули во српското првенство и исто толку трофеи во Купот на Србија. Црногорскиот стратег ќе биде тренер на Звезда до крајот на оваа сезона, а потоа ќе се одлучува што понатаму. Радоњиќ последно работеше во Баерн Минхен две години.



