Манчестер Сити го врза Пеп Гвардиола со нов договор за да го привлече Меси, Нејмар е главниот адут на ПСЖ, но има и една друга важна работа, сопругата на Меси, Антонела, преферира преселба во Милано.
На Лионел Меси желба му е кариерата да ја продолжи во италијанскиот гигант Интер, инаку ваква една информација објави и еден шпански медиум. Најголем интерес за Меси, барем јавно, пројавуваат Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, клубови кои имаат богати сопственици кои не штедат пари, но потајно Лео Меси посакува да го облече дресот на Интер кој има кинески сопственик.
Интер и летоска се спомнуваше како потенцијален иден клуб на Меси, татко му купи куќа во Милано, но Нераѕурите тогаш велеа дека немаат намера да го купат Меси, бидејќи немаат пари за да го откупат договорот. Од 1 јули 2021, Меси е слободен играч и Интер може да го добие без да плати отштета.



