Црвена Звезда го доведе првото големо зимско засилување и тоа 22-годишниот французин од редовите на Интер Аксел Бакајоко. Фудбалерот е роден 6 јануари 1998 година во Париз,Франција и како 16-годишно дете се преселил во редовите на ,,Нероаѕурите”.
Бакајоко веќе има дебитантски сениорски настап за Интер и тоа на дуелот против Спарта Прага во Лига Европа ,а може да игра како бек или како крилен напаѓач бидејќи атлетските способности и карактеристики му го дозволуваат сето тоа.

Аксел Бакајоко има настап и за младите селекции на Франција, а во меѓувреме додека беше член на Интер беше позајмуван во француски Сошо каде што во 19 одиграни натпревари постигнал и еден гол, потоа две сезони како позајмен играч има играно и за Сент Гален каде што во 57 средби има постигнато 4 гола.
Младиот играч официјално од 11 јануари 2021 година ќе биде во дресот на белграѓани, а на потпишувањето на 3.5 годишниот договор Бакајоко кажа дека се чуствува супер во дресот на Звезда и дека му било чест што ќе заигра за клуб кој бил европски и светски клупски првак и дека тренер ќе му биде Дејан Станковиќ кој е икона во Интер.



