По една долга пауза, нешто повеќе од еден месец, продолжија возбудувањата и во најквалитетната лига на Франција. Стартуваше осмото коло во кое екипата на Гравелин Данкерк, за која настапува Војдан Стојановски го дочека тимот на Шалон Ремс.
И со неверојатно одиграна последна четвртина, која ја добија со 30:14, на крајот стигнаа до голема поебда од 84:80. Капитенот на нашиот национален тим, Војдан Стојановски одигра 23 минути и реализираше 6 поени и имаше по еден скок, освоена и загубена топка.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



