Кунлун Ред Старс и Барис Нур-Султан го одиграа единствениот денешен натпревар во КХЛ.
Патем, останатите тимови паузираат поради репрезентативните обврски на Русите, на Чесите, на Швеѓаните и на Финците, кои го играат популарниот ,,Чанел 1 Куп”.
На денешниот меч, кинеските претставници, кои беа номинални домаќини, поведоа во првата третина преку својот најдобар стрелец – Хантер Шинкарук.
Резултатот од 1-0 беше актуелен сè до девет минути пред крајот, кога Данијар Самат израмни на 1-1 и го однесе натпреварот во продолжение.
Таму, после минута и пол игра, Дерен Дитц го комплетираше пресвртот на Барис за конечни 1-2.
И покрај оваа средба, ситуацијата на табелата остана непроменета: Барис е осми, а Кунлун претпоследен во Источната конференција.



