Дербито на 13. коло во италијанската Серија Б го одиграа екипите на Фросиноне и на Салернитана.
Двата ривали, во случај на победа, ќе имаа можност да преноќат на врвот, барем до утрешниот меч на актуелниот лидер – Емполи.
Сепак, на стадионот ,,Бенито Стирпе”, почетниот резултат од 0-0 остана сè до самиот крај.
Најдобрата шанса на мечот ја имаше играчот за врска на Фросиноне, Маркус Роден, кој во 55. минута ја погоди пречката.
Денешното реми им дозволи на двата тимови да останат на второто и на третото место на табелата, барем до утре, кога СПАЛ ќе гостува во Венеција.



