Тенискиот сојуз на Србија го назначи Виктор Троицки за селектор иако тој сеуште има активна тениска кариера. Троицки ќе застане на чело на репрезентацијата наместо Ненад Зимоњиќ, кој не го крие своето разочарување и е шокиран од одлуката за нов селектор.
Сепак Троицки на ваквите најави кажа дека подолго време сојузот се спремал за да се раздели со Зимоњиќ, а воедно и тенисерите побарале да дојде до промена. Освен тоа Троицки напомена дека тенискиот репрезентативен календар е променет и има помалку собири и дека тој само ќе помогне со совети, бидејќи секој од тенисерите си има свој тим на соработници, а ќе игра на АТП турнири и како сингл играч.



