Денеска нов договор со шампионот на Македонија, тимот на ЖФК Каменица Саса потпиша Ана Димитровска, која е рекордер по постигнати голови за клубот и е прва на листата на стрелците оваа полусезона во Првата Женска Фудбалска Лига со постигнати 43 голови.

Димитровска е една од капитенките на сениорската екипа и една од најдобрите централни напаѓачи во нашата лига која има огромен придонес за шампионската титула минатата сезона, исто така беше стрелец на голот во Лига на Шампиони против НСА Софија од Бугарија. Договорот и е со важност од 2.5 години или до 30.06.2023 година.



