Џери Вест како советник и клубот Лос Анџелес Клиперс се под истрага во НБА лигата за мито од 2,5 милиони долари, што наводно ги понудиле и не му ги исплатиле на Џони Вилкс за ангажманот на Кавај Ленард во 2019 година.
Вилкс има поднесено и тужба до суд, а тврди дека Џери Вест во име на Клиперс му понудил пари за да помогне во ангажманот на Ленард од Торонто Репторс во тимот од Ел-Еј.
Што е уште поинтересно, да ги исплателе парите, веројатно случајот немало да бил откриен, но ако се докаже дека тужителот Вилкс е во право, ќе биде голем проблем и за Вест и за Клиперс бидејќи е забрането да се нудат пари за ангажман на играчи.
Вест е една од најмаркантните личности во историјата на НБА лигата и неговиот лик е симбол на Лигата со неговата фигура на логото на најсилната кошаркарска лига на светот.



