Во изборот за најдобар фудбалер, Меси 5 бода му даде на Нејмар, три поени на Килијан Мбапе и еден на Роберт Левандовски. Првите двајца се играчи на ПСЖ, клуб во кој Меси би можел да ја продолжи кариерата ако налето ја напушти Барселона.
Гласањето на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, за изборот на најдобрите во светот на фудбалот за 2020 година, предизвика лавина реакции, не само поради тоа што го изостави од изборот Кристијано Роналдо, туку и поради за изборот при кој гласаше.
За најдобар голман на светот во 2020 година, Меси гласаше за Кејлор Навас, екс голман на Реал Мадрид, а сегашен на ПСЖ. Ова е големо изненадување, но можеби и порака на Меси дека сака во следната сезона да игра во ист тим со Навас.
Лео Меси не му дал ниту еден поен на неговиот клупски колега Марк Андре Тер Штеген, а можел да гласа за него и сето ова е само јавно и отворено кокетирање и додворување на клубот за кој што во иднина би сакал да заигра и повторно да се во ист тим со својот близок пријател, бразилецот Нејмар.



