Крикет репрезентациите на Нов Зеланд и на Пакистан денес ја започнаа меѓусебната Т20 серија, во којашто претставниците на Океанија поведоа со 1-0.
Имено, Нов Зеланд успеа да триумфира со резултат од 156/5 (18.5) – 153/9 (20).
Во првиот ининг, Пакистанците беа тие што ја удираа топката и освојуваа поени. Од нив, најефикасен со 41 поен беше Шадаб Кан. Од новозеландските фрлачи, дебитантот Џејкоб Дафи (4-33) и Скот Кугелајн (3-27) имаа најдобра економија.
Во вториот ининг, Тим Сајферт (57) освои најмногу поени за Нов Зеланд, а викети од пакистанскиот состав освоија само Шахин Африди (2-27) и Харис Рауф (3-29).
Меѓусебната серија на овие две екипи продолжува за два дена, а третиот меч ќе биде одигран на 22 декември.



