Младинските репрезентативки, Ана и Дајана Ристовски ги потпишаа првите договори со актуелниот шампион, тимот на ЖФК Каменица Саса. Седумнаесет годишната Ана Ристовска, која е рекордер по одиграни натпревари за клубот и е една од капитенките на сениорската екипа и во иднина ќе биде столб во одбраната.
Шеснаесет годишната Дајана Ристовска е најмладата првотимка во едно најелитно натпреварување како што е Лигата на Шампиони за жени и е незаменлива во средниот ред со своите квалитетни игри. Двете потпишаа договор со важност од 2.5 години или до 30.06.2023 година.



