Тимот на Приморска не е повеќе дел од АБА лигата, затоа што тимот од Копер не се појави на два последователни мечеви што значи и автоматска суспензија, односно исфрлување од лига.
Со ова дефинтиивно е потврдено она што со месеци се навестуваше дека овој клуб, во моментов нема капацитет да биде дел од ова натпреварување, но едноставно беше оставен да пропадне како дел од АБА лигата.
Нашиот пак претставник во овие натпреварувања, тимот на МЗТ Скопје со месеци беше на „стенд“ бај што се вели и чекаше официјално Приморска да се повлече за да влета во АБА 1 лигата но тоа не се случи. МЗТ со ова дефинитивно загуби најмногу затоа што една сезона минимум повеќе ќе биде дел од АБА 2 лигата.



