Спортскиот женски фудбалски клуб од Тетово, ЖФК Љуботен има амбиции да се вивне на врвот на македонскиот фудбал, но и да биде вклучен во европските натпреварувања.
Оваа сезона клубот е во долните позиции кои се за опстанок и нивна цел е изборување на прволигашки статус па од наредна сезона и остварување на големите амбиции на клубот.
За таа цел тетовчанки ангажираа спортски директор од Србија кој ќе се грижи клубот да добие квалитетни засилувања. Во прв ред официјално прво засилување е младата репрезентативка до У-19 и членка на тимот на ЖФК Ас Јунајтед, Сања Митревска – Сани, потоа дојде вистинската бомба со ангажманот на респектабилна голгетерка од Бразил, популарно прозвана, Роналдиња.

Последно засилување кое стигнува во Тетово е репрезентативката на Македонија и досегашна членка на ЖФК Истатов од Нов Дојран Магдалена Лекоска. Ова е ново капитално засилување за клубот, а од таму изјавуваат:
,,BOOM BOOM BOOM!!! Шампионски голман во Шампионски тим!! Welcome Добродојде Магдалена Лекоска !!! Актуелниот чувар на мрежата на Македонската Женска Сениорска репрезентација и доскорешен член на ЖФК Истатов е новото капитално засилување на голманската позиција на нашиот ЖФК Љуботен ! Клубот не застанува овде, туку силно продолжува да се засилува, па на списокот е играчи од Бих, Србија и поново од Македонија”.



