Во најдобрата еврпска лига, германската Бундеслига, се одигра новото коло во кое што Вецлар дојде до убедлива победа над тимот на Балинген со резултат од 36:26 на полувреме беше 20:14.
Средниот бек на Вецлар, Филип Миркуловски успеа еднаш да се запише во листата на стрелци. На останатите натпревари Минден го совлада Лемго со 28:23, додека Лајпцинг славеше на гостувањето кај Нордхорн Линген со 24:28.



