Двократниот освојувач на МВП наградата, Јанис Антетокумбо, ја обезбеди својата иднина.
Имено, Гркот потпиша нов договор со неговиот актуелен клуб, Милвоки Бакс, кој претставува највисок во досегашната историја на НБА.
Изразено со цифри, Антетокумбо ќе остане во редовите на тимот од Висконсин уште пет години со вкупна плата од 228,2 милиони долари.



