Во единствениот денешен меч во КХЛ, силите ги одмерија најслабата екипа во лигата, Динамо Рига и конкурентот за плејоф на Истокот – Торпедо Нижњи Новгород.
Торпедо важеше за благ фаворит, иако играше на гостински терен. Накрај ја оправда фаворитската улога, триумфирајќи со 4-6.
Во воведните десет минути, Торпедо поведе со 0-2 преку Михаил Варнаков и Антон Шенфелд, а во последните три минути од првата третина, Динамо направи целосен пресврт со головите на Микс Индрасис, на Рихардс Букартс и на Робертс Букартс.
Во вториот период, Енди Миел го израмни резултатот на 3-3, а во првата минута од третата третина, Дамир Жафјаров му донесе ново водство на Торпедо од 3-4. Девет минути подоцна, Јанис Сваненбергс израмни на 4-4, а до крајот, Иван Чехович и Џордан Сварц го поставија конечниот резултат од 4-6.



