Дванаесеттото коло од италијанската Серија Б го отворија екипите на Реџина и на Венеција.
Последен пат, овие два ривали се соочија на 9 април 2000 во 29. коло од Серија А, кога Реџина триумфираше со 1-0.
Денес, Венеција успеа да слави со 1-2, правејќи пресврт во завршните 15 минути за фантастично прославување на 113. роденден на клубот.
Во 11. минута, од дискутабилна ситуација, Кајл Лаферти им донесе водство од 1-0 на домаќините, со својот дебитантски погодок во дресот на Реџина.
Во второто полувреме, тренерот на Венеција, Паоло Ѕанети, направи неколку клучни измени. Имено, џокерите од клупата, Матија Араму (76′) и Рикардо Бокалон (83′), успеаја да го започнат и да го комплетираат победоносниот пресврт на тимот од Венето.
Со новите три поени, Венеција се проби до четвртата позиција, додека Реџина, со петте порази на последните шест средби, мора да се задоволи со петнаесеттото место. Во овој момент и двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.



