Екипата на Сир Сејфти Перуџа ја продолжи својата победничка серија и се оддели на +5 на врвот на италијанската одбојкарска Серија А. Причината за зголемувањето на предноста беше денешниот пораз на второпласираниот Лубе со 3-0 од Трентино.
Имено, претставниците на Умбрија денес убедливо ја поразија Падова на гостински терен со максимални 3-0, или по сетови 24-26, 23-25 и 15-25.
Најзаслужен за петтата лигашка победа во низа беше техничарот Драган Травица, кој им овозможи 11 поени на Олех Плотницкиј и 13 поени на Вилфредо Леон.
Од друга страна, единствен двоцифрен одбојкар во редовите на Падова, а воедно и најефикасен на мечот, беше Војчех Влодарчик со 14 поени.
Овој пораз им ја прекина мини-серијата од две победи на домаќините, кои сега се наоѓаат на десеттото место, со седум бодови заостаток во однос на плејоф-зоната.



