понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

Brainster креираше бесплатна дигитална алатка

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
декември 14, 2020
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Дигиталната алатка за кариерно советување на Brainster од денес е достапна за користење. Ова е мошне корисна алатка која може секој бесплатно да ја користи и е одличен прв чекор во потрагата по вистинската професија. Она што ја прави важна во поширок контекст е дека ја истакнува потребатата да се посвети повеќе време на кариерно истражување и советување.

Во основа на градењето на оваа алатка се податоците до кои Brainster дојде преку 5000 интервјуа со студенти кои посетиле академија или обука во компанијата. Она што е очигледно и може да се извади како заклучок од спроведените интервјуа е дека младите луѓе не му придаваат соодветна важност на изборот на кариера, нешто што најчесто го разбираат прилично доцна. Оние пак кои биле свесни за важноста на изборот и биле подготвени да посветат време, мошне често немале со кого да се советуваат или не можеле да добијат релевантни информации за иднината на одредени професии, односно нивната перспектива.

„Повеќе од половината, односно над 60% доаѓаат кај нас за комплетна кариерна промена.  Ова укажува на сериозен недостаток на време посветено на истражување на кариерните опции и перспективи, што резултира со години талкање и менување професии за да се најде онаа вистинската. Ова не е проблем само кај нас, туку и на глобално ниво. Според едно истражување објавено во британскиот Independent, 90% или 9 од 10 луѓе на возраст меѓу 21 и 65 години изјавиле дека чувствуваат дека можеби избрзале при изборот на кариера“, истакнува Петар Ниновски од Brainster.

Алатката која ја креираше Brainster, и на која може да и се пристапи на следниов ЛИНК, се состои од три дела. Првиот дел од тестот има 32 прашања од Open Jungian Type Scales тестот на личност, преку кои се одредува припадност на еден од 16-те типови дефинирани според оваа методологија. Вториот сет на прашања нуди препорака за дигитални вештини што би  одговарале според афинитетите и персоналните карактеристики на оној што го прави тестот. Овој сет на прашања е изработен од тимот на Brainster врз основа на досегашното искуство и спроведените 5.000 интервјуа со студенти. Резултатите за овој дел од квизот се само препорака кои кариерни патеки во дигиталните вештини би требало да се земат предвид при изборот на идна кариера. По завршувањето на сите прашања се добива детален персонализиран резултат со голем број информации кои можат многу да помогнат при изборот на кариера и тип на работна средина.

ShareTweet
Претходна вест

Colgate пастите за заби го деактивираат Ковид-19

Следна вест

РСБСП со апел: Користете зимска опрема за да спречите сообраќајна незгода

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

РСБСП со апел: Користете зимска опрема за да спречите сообраќајна незгода

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.