Кошаркарите на Куманово лошо ја започнаа сезоната играјќи на два фронта и на домашна сцена и на Балканот, но затоа рутинскиот триумф над КК Црн Дрим Грин Мобил од Струга за нив ќе биде само почеток на еден нов за нив победнички период.
Домашниот тим на Куманово оствари победа од 86:75. Најзаслужни за новите бодови се Андрејевиќ со 22, Рос имаше 21 и Маркоски 14 поени, додека во празената екипа од Струга, Клусен запиша 21 поен зад своето име.



