Во последниот натпревар од регуларниот дел од групата А Јуниор Кисела Вода славеше со 21-15 против подмладената Струга. Гостите кои има обезбедено пласман во плејофот ги одмораа најдобрите, па настапија со претежно млади ракометари надополнети со уште два три играчи од првиот тим. И покрај ова Струга пружи силен отпор во првиот дел кој заврши 9-9.
Најдобар стрелец кај Јуниор беше Бајракаревиќ со 6, додека кај Струга леваците Јанкуловски со 5 и Лакичевиќ со 4 голови. Одличен на голот на Струга беше Затаракоски со 12 одбрани.



