Третиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во германскиот Оберхоф, а на денешната програма, освен индивидуалното санкање во женска конкуренција, беше и мешаното тимско натпреварување.
Станува збор за штафета составена од еден пар и од по еден натпреварувач од машки и од женски пол.
Најбрза селекција на денешната трета трка во оваа категорија беше Германија (2:23,648), која славеше по вторпат сезонава, притоа поставувајќи нов рекорд на патеката. За оваа репрезентација настапија Дајана Ајтбергер, Феликс Лох, Тони Егерт и Саша Бенекен.
На втората позиција се пласираше Австрија (+0,036), за којашто санкаа Маделене Егле, Јонас Милер, Штој и Колер.
Од друга страна, Клаудија Домараѕка, Матеуш Сохович, Војчех Јержи Хмиелевски и Јакуб Ковалевски се испишаа во историјата, освојувајќи го првиот подиум за Полска (+1,118).
Во продолжение следуваа селекциите на: Италија (+1,126), Латвија (+1,298), Русија (+1,547), Словачка (+2,286), Јужна Кореја (+2,841) и Украина (+3,445).



