Во рамките од 12. коло на германската ракометна Бундеслига, тимот на Хановер чиј член е Филип Кузмановски одигра без победник на гостувањето кај Ерланген со резултат од 21:21 на полувреме исто беше реми 10:10.
Македонскиот репрезентативен бек дуелот го заврши без промашување, односно со пет гола од исто толку обиди. Филип Кузмановски третпат во низа реализира петпати на еден натпревар, а втор пат без промашување.



