Фудбалерката на женскиот тим на англискиот клуб Чарлтон Атлетик, Медлин Рајт беше исклучена од клубот откако на својот „Snapchat“ објави контроверзно видео.

Медиумите пишуваат дека Меделин објавила видео на кое се гледа како пие шампањ на забава и како возела во алхоколизирана состојба. Ваквите видеа први ги објавија ,Дејли Стар”. Откако видеата беа споделени на социјалните мрежи, Чарлтон Атлетик реши да и го поништи договорот и да ја исфрли од тимот.



