Домаќинот на Европското првенство за жени, селекцијата на Данска се соочи во дуел со Шведска и домаќинките беа поуспешни со триумф од 24:22 на полувреме беше 13:12.
Ова беше Скандинавско дерби и во израмнет натпревар сосема заслужено дојде до победа и остана во трка за полуфиналето. За Данска најефикасни ракометарки беа Мете Транборг со 6 и Ане Мете Хансен со 5 гола, додека за Шведска Кристин Торлајфсдотир постигна 4 гола.
Во дербито и во дуелот на фаворитите за медал репрезентациите на Франција и на Русија нивниот меч заврши со реми со резултат од 28:28 иако на полувреме Русија имаше предност од три гола, односно 16:19.
Една од најзаслужните за ремито е голманката Лејно, екс вардарката која што одбрани 7 удари и тоа скоро сите кога се кршеше резултатот и во самиот финиш. Минко и Уголин постигнаа по 5 гола, а во тимот на Русија по 5 гола постигнаа три ракометарки и тоа: Скоробогатченко, Бобровникова и Манагарова.



