Некои англиски медиуми објавија интересна вест која според нив, има шанса од 2024 година во фудбалската Лига на шампиони да има дури шест тимови од Премиер лигата.
УЕФА се обидува најсилното клупско натпреварување да го направи поатрактивно за големите клубови и со тоа да му парира на проектот за создавање на Европска суперлига која ја застапува Светската федерација ФИФА. Планот на УЕФА е бројот на учесници во групната фаза на Лига шампиони да се зголеми на 36.
Во моментов сите тимови од големата шестка на Премиер лигата се во топ 15 на ранг-листата на Европа, што значи дека теоретски е можно во Лига шампиони во иста сезона да играат Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем и Арсенал.
За целта да се оствари, треба четири од нив да бидат на првите четири места во Премиер лига. Дали овој предлог ќе се прифати, ќе се знае на Конгресот во април 2021година.



