Првпат после 800 години луѓето на 21 декември ќе може да бидат сведоци на ретка астрономска појава – „Божиќната ѕвезда“. Тогаш Јупитер и Сатурн ќе бидат толку блиску на небото еден до друг, така што ќе изгледа како да се судираат. Последен пат се случило во март 1224 година.
Според Евангелието по Матеј, „Божиќната ѕвезда“ ги донела тројцата мудреци во Витлеем, каде што се родил Исус… Така, некои познавачи сметаат дека ѕвездата од преданието, веројатно, бил всушност – овој спој меѓу Јупитер и Сатурн.
Порамнувањата меѓу овие две планети е прилично ретко, и тие се случуваат еднаш на 20 години или така некако, но оваа појава е уште поретка оти планетите ќе изгледаат споени во една, двојна ѕвезда, рече Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас, САД.
Наредно ваквата појава би се случила на 15 март 2080 година.



