Екипата на Вардар жени 2019 денеска ќе игра со Нитра во осминафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ. Откако во претходното коло финскиот тим Хаменлина се откажа од натпреварувањето поради ограничувањата наметнати од пандемијата, македонскиот претставник доби можност да биде во друштво на Нитра (Словачка), на МЦМ-Диамант Капошвар (Унгарија) и на ТЈ Острава (Чешка), на таканаречениот „балон турнир“ чијшто организатор е унгарскиот клуб.
Европската куќа на одбојката реши дека ваквиот начин на организација наосминафиналната фаза е победзбеден и полесен за учесниците, па вардарки денеска од 20 часот ќе сервираат против словачкиот состав Нитра, а претходносилите ќе ги одмерат домаќинот на турнирот, унгарската надеж МЦМ-Диамант Капошвар со Србинката Сара Клисура како прва ѕвезда и ТЈ Острава од Чешка. Победниците утре ќе се надмудруваат за првото место на турнирот во модерната „Капошвар арена“, а со тоа и за пласман меѓу четирите најдобри во Челенџ купот на ЦЕВ.
Извор и фото: Одбојкарска федерација на Македонија



