Тешко им оди на кошаркарите на ТФТ во БИБЛ лигата, особено кога играат на гостински терен. Ако минатата недела релативно лесно загубија од Ибар во Рожаје, „Црно-белите“ делуваа уште побледо на гостувањето во Стара Загора против Берое и поразот од 108:73.
Засега најдобрата екипа во БИБЛ конкуренцијата, стигна до повеќе од убедлив триумф, за нив петти во Лигата на Балканот, за потврда на првата позиција на табелата со максимален ефект.Тај Херис со 20 поени беше најдобриот стрелец на ТФТ, а уште тројца играчи, Митревски Андерсон и Хортон запишаа по десет поени.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



