Еурофарм Пелистер се реваншира на Тримо за прва победа во Лигата на Европа оваа сезона и славеше со 33-26 (полувреме 20-14). Битолчани одиграа одлично на денешниот натпревар и сосема заслужено го надиграа составот на Тримо Требње од Словенија за прва победа оваа сезона.
Најдобри во составот на Еурофарм Пелистер беа Стипе Мандалиниќ со 11 гола од 11 обиди и Томислав Кушан со 6 погодоци. Одлично во нападот беа следени и од Маџоски и Граџан со по 4 погодоци. Mладото десно крило Ненад Костески од Струга одигра одлично и постигна 3 голови на овој меч.



