Тотенхем со 2:0 го победи Арсенал во дербито на северен Лондон, благодарение на двата гола постигнати во првото полувреме. Со оваа победа, Тотенхем остана на лидерската позиција во Премиерлигата, додека Арсенал падна на 15-тото место.
При првиот гол на Тотенхем претходеше интересна ситуација кога играчот Томас Парти се повреди и беше надвор од терен,тогаш тренерот на Арсенал, Микел Артета не само што не дозволи Парти да добие лекарска помош, туку го истурка својот фудбалер назад на теренот.
За жал на Арсенал, тоа не беше доволно, затоа што Тотенхем преку Хари Кејн постигна гол. По примениот гол, Парти беше изваден од игра. Во прилог и видео од целата ситуација на терен:



