Светскиот ракометен првак во женска конкуренција, репрезентацијата на Холандија претрпе нов шок на Европското првенство, овојпат загубија од Хрватска со резултат од 27:25 и со оваа победа ,,Коцкестите” си обезбедија место во следната фаза. Хрватска од 23:24, со серија од 3:0 стигна до 26:24 и беше јасно дека ќе победи на крајот.
Во останатите мечеви, Србија без најдобрата нивна поединка поради повреда, Андреа Лекиќ немаа сили до ново изненадуавње и загубија од Унгарија со 38:26, додека Франција со 27:17 славеше над Словенија. Домаќинките на ова првенство, репрезентацијата на Данска рутински триумфираа над Црна Гора со резултат од 28:19.



