Екипата на Локомотив Јарослављ успеа да го порази Сибир Новосибирск на гостински терен за првпат после 17 октомври 2014, кога резултатот гласеше 1-4.
Имено, денес, третопласираниот тим на Западот го доби осмопласираниот на Истокот со 3-4 после продолжение.
Сибир стекна почетно водство со голот на Јуусо Пуустинен, после којшто следуваше пресврт на Локомотив извршен од Павел Красковски (х2) и од Владимир Ткачјов.
Во последните десет минути, домашните хокеари предводени од Даниил Романцев и од Олег Ли успеаја да изборат најмалку уште пет минути игра, но после седумдесет секунди во продолжението, Јегор Коршков ги однесе двата поени во Јарослављ.



