Светската ракометна федерација, ИХФ, ја објави најавуваната листа на резервни репрезентации кои би учествувале на Светско првенство во Египет, доколку некоја од оние што добија место се откаже од настапот, Македонија како прва резерва ќе се најде на Мундијалот.
Тешко е дека ќе се откаже некоја европска репрезентација, но можно е да се откаже некоја африканска селекција или Бразил, па останува да причекаме дали сите репрезентации ќе ги започнат подготовките и да дознаеме дали Македонија ќе го продолжи континуитетот со настапи на големите натпреварувања.
Македонија е најдобропласирана селекција од последното Европско првенство која нема обезбедено место на Светско првенство, па шансата за настап на Мундијалот остануваат и сега преостанува да чекаме некој да се откаже. На листата на резерви се и: Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина и Србија.




