Според американските медиуми, НБА лигата одлучила да го откаже тестирањето на играчите за канабис во претстојната сезона од безбедносни причини. Според американските медиуми, НБА ја донела оваа одлука со цел кошаркарите да избегнат, покрај веќе строгите безбедносни протоколи, да бидат изложени на дополнителни контакти.
Исто така се верува дека оваа одлука доведува до целосно укинување на тестирањето за канабис во НБА лигата, особено затоа што голем број американски федерални држави значително ги олабавија законите кога станува збор за марихуаната. Според ЕСПН, во САД има само шест држави кои не легализирале употреба на канабис во каква било форма, а тоа се Индијана, Џорџија, Северна Каролина, Тексас, Тенеси и Висконсин.



