Во натпревар со малку голови Охрид славеше во Струга со 18-20 (полувреме 9-11) Струга одигра одличен меч и без повредените Димитријевски, Рајатовски и Крстаноски и имаше 16-16 неколку минути до крајот, но Охриѓани благодарение на поголемото искуство и подолга клупа стигнаа до победа 18-20.
Најдобри поединци во двата тима беа голманите Јовановски и Затаракоски кај Струга и Даниловски и Брауновиќ во Охрид кои бранеа одлично по едно полувреме. Најефикасен играч на натпреварот беше Денис Тот од Охрид со 8 погодоци, пред Андоноски со 5, додека во Струга најдобар беше Илиевски со 5 гола.



