Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски заработи црвен картон во шпанската Секунда. Неговиот тим Рајо Ваљекано загуби на гостувањето против Леганес со 1:0, а меѓу стативите можност да дебитира доби Лука Зидан, синот на легендата и тренер на Реал Мадрид.
Димитриевски го доби првиот жолт картон во 63. минута поради приговор, а неколку секунди подоцна беше и исклучен. Засега не е познато што голманот му кажа на судијата Прието, ама во моментите кога се спремаше да изведе гол-аут сè уште зборуваше и заработи втор жолт картон.



