Богдан Богдановиќ во новата сезона во НБА ќе го носи дресот на Атланта Хоукс откако си замина од Сакраменто Кингс, а откри кој му помогнал во изборот да се пресели во Источната конференција.
Српскиот кошаркар вели дека бил охрабрен од Перо Антиќ, еден од најдобрите македонски кошаркари во историјата и сегашен прв човек на нашата кошаркарска федерација. Српскиот шутер заедно со Антиќ ја освои титулата во Евролигата во 2017 година, а пред да потпише за Атланта беше блиску до трансфер во Милвоки Бакс, но работата пропадна во тој тим.



