Наполи го доби дербито против Рома со убедливи 4:0, кое беше во знакот на Диего Марадона. Се оддаваа почасти за починатата клупска легенда и фудбалска икона, па така фудбалерите на Гатузо беа максимално инспирирани да триумфираат за ново назначеното име на стадионот со неговото име „Диего Армандо Марадона“.
Во првата акција во која се најде Елмас по неговото влегување во игра, шутираше од околу 20 метри, а одбиената топка ја стигна Мертенс за зголемување на 3:0, додека во 87 минута Политано го постави конечниот резултат.



