Барселона ќе биде казнета со 3.000 евра од дисциплинската комисија на Ла Лига поради капитенот Лионел Меси. Во победата од 4:0, Меси го прослави својот гол така што го соблече дресот и ја истакна униформата на Њуелс Олд Бојс, неговиот омилен клуб, со бројот 10 на грбот, дрес којшто порано го носеше неговиот идол Диего Марадона.

Според правилникот на Ла Лига, забрането е да се рекламира било каков амблем на клуб или компанија која не е во соработка со лигата. Меси дополнително доби и жолт картон за соблекување на дресот.



