Највероватно ќе биде одложен натпреварот помеѓу Италија и Македонија кој требаше да започне од 15 часот во Талин во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Нашата најдобра селекција е ослабена за денешниот дуел против селекцијата на Италија кој е закажан за 15. часот во Арената „Саку Сурхал“ во Талин. Имено, резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. Освен тоа и во останатите селекции во Талин има позитивни кошаркари.



