ФК Росоман 83 моментално се наоѓа во тешка финансиска состојба и во овие тешки времиња е многу комплицирано да се создаде партнерство со бизнис секторот. Од клубот јавуваат дека општината Росоман во склоп на своите можности го подпомогнува тимот во досегашниот дел од сезоната, но на клубот кој моментално се натпреварува во Втората Македонска лига му е потребен и друг финансиски партнер.
Натпреварите се играат без присуство на публика, а со тоа навивачите не се во можност да купат карта преку која би му помогнале на клубот и за тоа раководството на ФК Росоман приготвија убава идеја во која што изготвиле таканаречена ,,Картичка за лојалност” која е во вредност од 1 000 денари и со тие финансии ќе му се излезе во пресрет на клубот.

Младите фудбалери останаа сплотени и покрај тешката ситуација како финансиска така и резултатска. Голем број од населението во Росоман купија карта, воедно и фанови на клубот што се надвор од нашата држава се со цел да се помогне на ФК Росоман. Малите клубови немаат средства на располагање и со вакви идеи се обидуваат да пронајдат решение.
,,Ве замолуваме сите што го сакате ФК РОСОМАН 83 и што сте во можност, да се вклучите во оваа акција и да ни помогните во овие тешки времиња, а за возврат ние ќе се бориме за што подобри резултати”– порачуваат од ФК Росоман 83.
Спортски Ве поздравуваме!
НАПРЕД РОСОМАН.



