Манчестер јунајтед се соочува со непосакувани проблеми откако англискиот гигант стана жртва на хакерски напад. Како што известуваат англиските медиуми, хакерите стигнале до доверливи информации кои може да му наштетат на клубот доколку се обелоденат, а за да не се случи тоа, се бара откуп во износ од неколку милиони фунти.
Наводно хакерите имаат податоци од тајни операции на клубот, како и доверливи информации од фудбалерите, а во системот на Јунајтед влегле со помош на вирус. Ова не е прв случај на хакерски напад на фудбалски работници во Англија. Оваа година пријавени се неколку случаи, меѓу кои нападнат беше и еден од директорите на Премиер лигата.



