Дејан Периќ беше дел од втората европска титула на Вардар и при последните титули во СЕХА Газпром лигата. Периќ добил понуда со одлични финансиски услови во Бундеслигата и сакал да замине, а Црвено-црните не му правеа проблем да го реализира трансферот.
Разделбата се случи неколку часа пред дуелот со Келце пред дуелот од Лига шампиони во Полска. Раководството на Вардар му се заблагодари за одличната соработка на тренерот на голманите и му посака успешна идна кариера.



