Женската екипа на Куманово, нашиот претставник во ракометниот Европски куп во 1/16 финалето, и во реваншот е поразена од Галичанка, екипа од Украина со 26:31 Инаку денеска се играше реваншот на овој двомеч, првиот дуел го добија Украинките со 33-17. И тој натпревар, како и денешниот се играше во Лвов (Украина).
Веднаш треба да се каже дека кумановки денеска одиграа далеку подобро од првиот меч, тоа го кажува и самиот резултат, а посебно во првото полувреме кога нашиот тим имаше и водство од 16:15. Но во продолжението од натпреварот поквалитетниот противник одигра подобро, и сосема заслужено успеа да триумфира и на вториот натпревар од 1/16 финалето во Европскиот Куп и да ги продолжи натпреварите.



