Последната трка од овогодинешната сезона во Мото 3 се одржа денес во Портимао, Португалија.
Во пресрет на истата, тројца возачи се бореа за шампионската титула – Алберт Аренас, Аи Огура и Тони Арболино.
Нивната борба траеше сè до последната кривина, поради фактот дека Аренас ризикуваше премногу и накрај заврши на дванаесеттото место. Сепак, Шпанецот успеа да дојде до титулата бидејќи во истата група беа и двајцата останати конкурентите.
Арболино, кој стартуваше како 27., ја заврши трката на петтото место, додека Огура беше осми.
Во генералниот пласман, Аренас ја освои титулата, со само четири поени предност во однос на Арболино и на Огура.
Сепак, не треба да се изостави ни Раул Фернандез, кој ја приреди најдоминантната соло-трка во Мото 3 во последните неколку години. Шпанецот ја запиша втората овосезонска победа, која накрај му го донесе четвртото место во вкупниот поредок.
Денис Фоџа беше втор, иако се соочи со два продолжени кругови, а подиумот го комплетираше Џереми Алкоба, кој за првпат во кариерата се најде во топ 3.



