Нашата сенирска кошаркарска репрезентација ги одработува првите тренинзи во овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА. Во Скопје, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ се најдоа 12. репрезенаттивни кандидати кои се во плановите на селекторот Александар Тодоров и неговиот стручен тим за она што следува пред крајот на месецот.
Квалификациските дуели за пласман на ЕП во 2022 година. Во Талин нè чекаат мечеви против селекциите на Италија (28. ноември) и против Естонија, два дена подоцна, на 30. ноември.
А еден од тие „нови дечки“ е и младиот бек, сега играч на скопски ТФТ, а како позајмен играч од второлигашот Феникс 2010, Андреј Митревски. На овој репрезентативен турнир во Талин, Естонија шанса и повик добија неколку млади кошаркари меѓу нив и Митревки и од нив се очекува да ја искористат секоја прилика што ќе ја добијат од селекторот Тодоров.



